Во последните 24 часа во Мексико од заразеност со Ковид-19 починаа 447 лица
- Во земјата се детектирани 81.400 лица позитивни на Ковид-19

АНКАРА
Во последните 24 часа во Мексико, како последица на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), животот го загубија 447 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мексичкото Министерство за здравство објави дека во последните 24 часа, како последица на заразеност со Ковид-19 регистрирани се 447 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата е зголемен на 9.044. Во исто време вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 е зголемен на 81.400, од кои 3.177 се лица детектирани во последните 24 часа.
На 27 мај, за првпат бројот на смртни случаи предизвикани од последици на заразеност со Ковид-19 на дневно ниво беше поголем од 500. Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, додека првиот смртен случај е регистриран на 19 март.
Според интернет-страницата „Worldmeter“, која секојдневно ги ажурира податоцие поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, Мексико е осма земја во светот според бројот на смртни случаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.