Во Иран 102-годишен пациент го победи вирусот Ковид-19
Мажот што беше лекуван во болницата „Имам Хомеини“ во Техеран е пуштен од болница, по целосното закрепнување

АНКАРА (АА) - 102-годишен маж, кој беше лекуван од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Техеран, главниот град на Иран, целосно е излечен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мажот што беше лекуван во болницата „Имам Хомеини“ во Техеран е пуштен од болница, по целосното закрепнување.
Снимките од испраќањето на пациентот од страна на лекарите и медицинскиот персонал од болницата се емитуваа на државната телевизија.
Откако беше запрашан колку години има, тој одговори „роден сум во 1918 година“. Заблагодарувајќи се на здравствените работници, тој ја напушти болницата заедно со неговото семејство.
- И постарите лица можат да се излекуваат од коронавирусот -
И пациентите над 80 години, кои ја претставуваат најголемата ризична група од виррусот Ковид-19, исто така можат целосно да се излекуваат по третманот во болница.
Една 103-годишна жена, која го победи Ковид-19 во иранската покраина Симнан, е регистрирана како „втора најстара личност што го победила вирусот“, откако претходно една 103-годишна жена се излекува во Кина.
Невид Данаји, ректорот на Универзитетот за здравствени науки „Симнан“, на 18 март изјави дека 103-годишната жена по име Хавер Ахмеди за 6 дена била излекувана од Ковид-19 и била пуштена од болница.
Исто така беше објавено дека 91-годишен пациент во градот Бем и 90-годишна жена во градот Ком ја победиле болеста.
Од 19 февруари, откако се појави првиот случај на Ковид-19 во Иран, закрепнаа 11.133 лица.
Во Иран, со вчерашните 144 лица, од Ковид-19 починаа вкупно 2.378 лица, а бројот на заразени изнесува 32.332.