свет

Десетмина Авганистанци убиени од ирански граничари, двајца се водат како исчезнати

Овие млади мажи „влегле нелегално на иранска територија преку граничниот премин пристаништето Шеик Абу Наср Фарахи во потрага по работа“

Islam Uddin, Riyaz Khaliq Khaliq  | 02.12.2025 - Обновена : 02.12.2025
Десетмина Авганистанци убиени од ирански граничари, двајца се водат како исчезнати

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 10 авганистански државјани се убиени од иранските граничари, соопштија авганистанските власти денес, јавува Анадолу.

Мухамад Насим Бадри, портпарол на безбедносната команда Фарах во западната покраина Фарах, изјави: „Десетмина жители на оваа покраина се смртно застрелани од иранските граничари синоќа (понеделник) додека се обидуваа нелегално да преминат во Иран“, според авганистанското официјално радио Хуријат.

Овие млади мажи „влегле нелегално на иранска територија преку граничниот премин пристаништето Шеик Абу Наср Фарахи во потрага по работа“, рече Бадри.

Тој додаде дека уште двајца се водат како исчезнати по инцидентот и дека истрагата е во тек.

Од иранска страна немаше веднаш достапни информации.

Во текот на изминатата година Иран врати стотици авганистански бегалци во земјата разурната од војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın