Во Белгија со Ковид-19 заразени повеќе од 200.000 луѓе
Последните бројки покажуваат дека во Белгија се спроведени околу четири милиони тестирања, а заразувањето е потврдено кај 202.151 лице

БРИСЕЛ
Во Белгија со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) заразени се повеќе од 200.000 луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Белгија продолжува растот на бројот на заразени со Ковид-19. Податоците на Центарот за национално здравје покажуваат дека неделниот просек на новозаразени во период од 7 до 13 октомври е поголем за 97 отсто во однос на претходната недела и изнесува 6.764.
Во Белгија на 12 октомври се потврдени 9.250 случаи на заразување со Ковид-19, а ден подоцна 10.369. Последните бројки покажуваат дека во Белгија се спроведени околу четири милиони тестирања, а заразувањето е потврдено кај 202.151 лице.
Во болниците се задржани 2.098 заразени лица, а на одделите за интензивна нега се наоѓаат 358 лица.
Како последица на влошувањето на епидемиолошката ситуација, федералната Влада соопшти нови мерки со цел спречување на ширењето на Ковид-19.
Меѓу мерките е и затворање на кафулињата, баровите и рестораните на еден месец, а од полноќ до 5 часот наутро е утврдено ограничување на движењето и се препорачува работа од дома каде што за тоа постои можност.
Белгиските власти издвоија 500.000 милиони евра за поддршка на стопанските субјекти на кои им е оневозможена работата.
Продолжено е одвивањето на наставата во училиштата, но распустот од една недела, предвиден за почетокот на ноември, е продолжен на десет дена.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.