свет, Коронавирус

Висока смртност од последици предизвикани од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

Од последици на Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.340 лица, 1.539 во Мексико, 150 во Аргентина, 390 во Колумбија, 113 во Перу, 21 во Чиле, 42 во Боливија и 30 во Гватемала

Sinan Doğan   | 21.01.2021
Висока смртност од последици предизвикани од Ковид-19 во земјите на Латинска Америка

БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка повторно се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.340 лица, 1.539 во Мексико, 150 во Аргентина, 390 во Колумбија, 113 во Перу, 21 во Чиле, 42 во Боливија и 30 во Гватемала.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.340 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 212.831. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 64.385, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 8.638.249.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.564.622 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.539 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 20.548 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 144.371 смртен случај, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.688.944. Во оваа земја досега оздравеа 1.264.780 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 150 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 46.216. Во истиот период детектирани се 12.112 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.831.681.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.613.773 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 390 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 49.792.

Во последните 24 часа детектирани се 17.908 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.956.979. Во оваа земја досега оздравеа 1.786.170 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 113 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.406 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.078.675, од кои починаа 39.157 лица, а оздравеа над 993.509 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 21 лице од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 17.594.

Во истиот период регистрирани се нови 3.589 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 680.740, а оздравеа вкупно 639.091 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 42 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.655.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 193.745, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.764. Досега оздравеа 146.578 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала -

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 30 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, така што вкупната бројка на починати се искачи на 5.343. Во истиот период детектирани се 1.047 новозаразени, вкупно 151.324 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 136.244 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.