свет, Коронавирус

Велика Британија: Се проценува дека вакцината против Ковид-19 спречила повеќе од 10.000 жртви

- Во Велика Британија се проценува дека се спречени 10.400 смртни случаи на лица над 60-годишна возраст со програмата за вакцинирање против новиот вид коронавирус (Ковид-19), што започна да се спроведува на 8 декември

Bilal Acar   | 09.04.2021
Велика Британија: Се проценува дека вакцината против Ковид-19 спречила повеќе од 10.000 жртви

ЛОНДОН 

Во Велика Британија се проценува дека се спречени 10.400 смртни случаи на лица над 60-годишна возраст со програмата за вакцинирање против новиот вид коронавирус (Ковид-19), што започна да се спроведува на 8 декември, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за јавно здравје на Англија (PHE) ги сподели резултатите од студијата спроведена во земјата за влијанието на вакцината против Ковид-19 врз загубата на животи.

Во студијата спореден е бројот на смртни случаи од Ковид-19 во периодот од 8 декември 2020 година, кога започна програмата за вакцинација, до 31 март и бројот на смртни случаи предизвикани од периодот пред вакцинацијата.

Соодветно на тоа, беше проценето дека со примена вакцина против Ковид-19 во земјата, спречена е смртта на вкупно 10.400 лица, од кои 9.100 лица постари од 80 години, 1.200 на возраст од 70 до 79 години и 100 во опсег од 60 до 69 години.

„Одлично е да се види успехот и влијанието на нашата програма за вакцинирање. Вакцините спасија повеќе од 10 илјади животи", рече британскиот министер за здравство, Мет Хенкок.

Наведувајќи дека три вакцини против Ковид-19 кои се одобрени за употреба во земјата се безбедни и ефикасни, Хенкок истакна дека вакцината спасува животи.

Во земјата одобрени за употреба се вакцините на „Оксфорд“/„АстраЗенека“, „Фајзер“/„БајоНТех“ и „Модерна“. Бројот на луѓе кои ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19 достигна 31.807.124, додека втората доза е администрирана кај 6.091.905 лица.


- Велика Британија ќе го премине прагот на колективниот имунитет во однос на Ковид-19

Од друга страна, се наведува дека Велика Британија очекува до 12 април да се надмине прагот на колективниот имунитет во епидемијата на Ковид-19.

Во моделирањето направено од страна на Академијата на Универзитетот во Лондон (UCL), се наведува дека бројот на луѓе кои имаа заштита од Ковид-19 ќе достигне 73,4 проценти на 12 април и преку природен имунитет и преку вакцинација.

„Проценките за колективниот имунитет ме изненадија. Сепак, проценките треба да се почитуваат со оглед на тоа дека повеќе од 50 отсто од возрасните се вакцинирани, околу 42 проценти од популацијата беше изложена на вирусот, а околу 10 отсто имаат претходен имунитет", рече професорот Карл Фристон од Академијата на Универзитетот во Лондон.

Фристон додаде дека податоците значат дека околу 70% од популацијата е имуна.


- Бројот на заразени и смртни случаи опаѓа

Во земјата досега поради Ковид-19 починаа 126.980 луѓе. Од месец декември, поради новиот вид коронавирус кој се шири бргу, дневниот број на случаи надминуваше 80 илјади.

Меѓутоа, со ефектот од карантинот и брзата вакцинација, случаите на заразување и смртните случаи започнаа да се намалуваат; бројот на дневни случаи на заразување се намали на 3.000, а бројот на смртни случаи се намали на помалку од 50 во последните неколку недели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.