свет, Коронавирус

Бројот на починати од Ковид-19 во Германија се искачи на 2.000 лица

Според податоците од Технолошкиот инстититут „Рисклајер“ и „Карлсруе“, кои собираат податоци од речиси 400 локални власти, во текот на изминатите 24 часа починале 207 лица, со што вкупниот број се искачил на 2.017

Ayhan Şimşek   | 08.04.2020
Бројот на починати од Ковид-19 во Германија се искачи на 2.000 лица

БЕРЛИН (АА) - Бројот на починати од Ковид-19 во Германија денес се искачи на 2.000 лица, при што вкупниот број на смртни случаи изнесува речиси 110.000, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците од Технолошкиот инстититут „Рисклајер“ и „Карлсруе“, кои собираат податоци од речиси 400 локални власти, во текот на изминатите 24 часа починале 207 лица, со што вкупниот број се искачил на 2.017.

Со 4.284 нови случаи, бројот на заразени лица со вирусот се искачи на 107.659.

Повеќе од 33.000 лица се излекувани досега од вирусот.

Германија во моментот е петта земја по ред во однос на бројката на заразени во светот од Ковид-19, при што пред неа се наоѓаат САД, Шпанија, Италија и Франција. Стапката на починати во земјата е најниска во однос на останатите.

Покрај распространетите тестирања за коронавирус, Германија исто така значително го зголеми бројот на кревети за интензивна нега во болниците: од 28.000 на речиси 40.000 за неколку недели.

Коалициската Влада на канцеларката Ангела Меркел објави дека строгите мерки на ограничување ќе продолжат најмалку до 20 април.

Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.

Во светот се регистрирани над 1,4 милион потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 82.100. Речиси 302.000 пациенти се излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın