свет, Коронавирус

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Германија надмина 100.000

Властите регистрираа уште 138 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што бројот на починати се зголеми на 1.584

Ayhan Şimşek  | 06.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Германија надмина 100.000

БЕРЛИН (АА) - Случаите потврдени како позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во Германија ја надминаа бројката од 100.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Компанијата за анализа на податоци „Рисклајер“ и Институтот за технологија во Карлсруе, кои собираат тековни податоци од скоро 400 локални здравствени установи, утрово пријавија 4.024 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број достигна 100.132.

Властите регистрираа уште 138 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што бројот на починати се зголеми на 1.584.

Германија во моментот е четврта во светот по бројот на детектирани случаи на коронавирус, по САД, Шпанија и Италија, но бројот на починати е далеку понизок од трите најтешко погодени земји.

Бројот на починати од коронавирусот во Италија вчера надмина 15.800, што е највисок број во светот досега. Шпанија досега регистрира 12.418 починати. Во САД вчера бројот на смртни случаи се искачи над 8.500.

Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.

Податоците покажуваат дека во светот има над 1,2 милиони потврдени случаи на вирусот, над 69.000 починати и над 260.000 излекувани лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.