свет, Коронавирус

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 43,3 милиони

Според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 43.346.266

Zehra Ulucak,Mehmet Şah Yılmaz   | 26.10.2020
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 43,3 милиони

АНКАРА

Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот надмина 43,3 милиони, јавува Агенција Агенција (АА).

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 43.346.266.

Во светот досега од последиците на вирусот починаа 1.159.093 лица, оздравеа повеќе од 31,9 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 10,2 милиони.

Со Ковид-19 најтешко погодени се САД, со повеќе од 8,8 милиони заразени лица и 230.510 починати.

Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со повеќе од 7,9 милиони, Бразил со 5,3 милиони, Русија 1,5 милиони, Франција 1,1 милион, Шпанија 1,1 милион, Аргентина 1,09 милиони, Колумбија 1,01 милион, Перу 888.715 и Мексико со 891.160 заразени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın