свет, Коронавирус

Бразил: Стадионот „Маракана“ се претвора во болница за Ковид-19

- Тревниот терен ќе биде заштитен, а атлетската патека, внатрешните делови од стадионот и паркингот ќе бидат користени како болница, логистички центар и магацин.

Mutlu Demirtaştan  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Бразил: Стадионот „Маракана“ се претвора во болница за Ковид-19

ИСТАНБУЛ 

Бразилските медиуми објавија дека стадионот „Маракана“ ќе се користи како привремена болница со 400 легла за болните од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во вестите се наведува дека тревниот терен ќе биде заштитен, а атлетската патека, внатрешните делови од стадионот и паркингот ќе бидат користени како болница, логистички центар и магацин.

Заедно со стадионот „Маракана“ на кој се играат натпреварите на националниот тим на Бразил и кој има капацитет од приближно 80.000 гледачи, во Рио де Жанеиро вкупниот број на привремени болници ќе биде 8.000.

Во Бразил, кој има речиси 210 милиони жители, досега се детектирани 5.182 случаи на заразеност со Ковид-19, а животот го загубија 202 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın