свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 173 илјади

Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 244 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.378

Adam Abu-bashal   | 23.09.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 1 милион 173 илјади

АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 173 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 7.365 случаи на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.427.620.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 244 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.378.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.118 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.806) и Алжир (1.889 смртни случаи).

Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (663.282), по која следуваат Египет (105.346) и Мароко (102.254).

Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.173.809 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın