Хрватска: Притворени навивачи од Сплит, во пресрет на дербито Динамо - Хајдук
- Интервентната полиција уапси 20 Торцидаши поради употреба на пиротехника и поседување на ладно оружје

Zagreb
ЗАГРЕБ (АА) - Два часа пред почетокот на дербито меѓу Динамо и Хајдук на стадионот Максимир, полиција уапси 20 навивачи од Сплит за поседување оружје и пиротехника, јавува Anadolu Agency (АА).
Групата од околу 50 навивачи на Хајдук, беше претресена од страна на полицијата на главната железничка станица откако некои од нив користеле огномет, петарди и ракети.
Полицијата ги легна на под навивачите и ги претресе, а при претресот е пронајдена поголема количина на ладно оружје, телескопски палки, шипки и поголема количина на пиротехнички средства. Специјалната полиција уапси 20 Торцидаши поради употреба на пиротехника и поседување на ладно оружје.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.