живот

САД: Фестивалот на небесни фенери во Филаделфија создаде една од најмагичните глетки на годината

Фестивалот на фенери во Филаделфија 2021 се одржа со учество на илјадници луѓе на плоштадот „Кенет“.

Ekipa  | 03.10.2021 - Обновена : 05.10.2021
САД: Фестивалот на небесни фенери во Филаделфија создаде една од најмагичните глетки на годината Фото: Tayfun Coşkun/АА

ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) - Илјадници луѓе во американската сојузна држава Пенсилванија синоќа уживаа во магичните моменти на фенерите пуштени кон небото, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фестивалот на небесни фенери во Филаделфија 2021 се одржа со учество на илјадници луѓе на плоштадот „Кенет“.

Посетителите пуштија кон небото стотици фенери и создадоа една од најфантастичните глетки на годината.

Слични фестивали се одржаа и во неколку други американски градови, меѓу кои и во Њујорк и Њу Џерси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.