свет

Трамп воведува 100 % царина за филмовите снимени во странство

- Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека ќе започнат процес на воведување 100 % царини за сите филмови произведени во странство што влегуваат во земјата

Dilara Zengin Okay  | 05.05.2025 - Обновена : 05.05.2025
Трамп воведува 100 % царина за филмовите снимени во странство

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ги овластил Министерството за трговија и американското трговско претставништво да започнат процес на воведување 100 % царини за сите филмови произведени во странство што влегуваат во земјата, известува Анадолу.

Во соопштението објавено на неговиот профил на социјалната мрежа „Трут сошал“, Трамп наведе дека филмската индустрија во Америка забрзано „умира“.

Посочувајќи дека другите земји нудат секаков поттик за преместување на филмските продуценти и студија подалеку од САД, во објавата Трамп вели: „Холивуд и многу подрачја во САД буквално се опустошени“.

Нагласувајќи дека ова е намерен напор од страна на други земји, Трамп истакна дека затоа претставува закана за националната безбедност и додаде дека покрај сето ова, ова претставува порака и пропаганда.

„Затоа, ги овластувам Министерството за трговија и американското трговско претставништво веднаш да го започнат процесот на воведување 100 % царини на сите филмови произведени во странство што доаѓаат во нашата земја. Сакаме филмовите повторно да се снимаат во Америка“, наведе Трамп.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.