Турција, економија

11. Светски самит за халал стопанство ќе се одржи во Истанбул од 26 до 29 ноември

- Единаесеттиот Светски халал-самит з, кој го обединува Халал екосистемот на глобално ниво и е меѓу водечките светски организации на ова поле

Uğur Aslanhan  | 26.09.2025 - Обновена : 26.09.2025
 11. Светски самит за халал стопанство ќе се одржи во Истанбул од 26 до 29 ноември

ИСТАНБУЛ (АА) - Единаесеттиот Светски самит за халал стопанство, кој го обединува Халал екосистемот на глобално ниво и е меѓу водечките светски организации на ова поле, ќе се одржи во Истанбул од 26 до 29 ноември, известува Анадолу.

Според соопштението од Советот на самитот, кој се одржува под покровителство на турското Претседателство, во соработка со Институтот за стандарди и метрологија за исламски земји, релевантна организација на Организацијата за исламска соработка (OИС), а под координација на Министерството за трговија и Агенцијата за халал акредитација, ќе ги пречека посетителите во Истанбулскиот изложбен центар.

На настанот, на кој Агенција Анадолу (AA) е глобален комуникациски партнер, ќе учествуваат повеќе од 50 земји учеснички, со над 50.000 посетители од повеќе од 100 земји.

Самитот, на кој експерти, академската фела, претприемачи и претставници на индустријата од целиот свет ќе објават важни патокази за развој и имплементација на Халал стандардите и раст на пазарот, е меѓу клучните настани за глобалниот Халал пазар, за кој се очекува да достигне 12 билиони долари.

Светскиот самит за хала стопанство повторно ќе ги собере сите засегнати страни во трговијата во Истанбул оваа година.

Халал Експо, ETHEXPO, програмите B2B на самитот, бизнис-форумите во земјите, Глобалниот самит на продавачи и Саемот за скромна мода ќе придонесат за турската економија и ќе отворат врати за нови соработки.

- Во преден план се очекува да бидат министерски сесии и бизнис-форуми

Министерската сесија, еден од најважните настани на самитот, на кој официјално се поканети министри од 60 земји, има цел да склучи нови трговски договори.

- Халал Експо ќе се одржи како дел од самитот

Халал Експо - Меѓународен саем за трговија со Халал, кој ќе се одржи како дел од Светскиот самит за Халал, се издвојува по потенцијалот за раст на трговијата на Халал пазарот.

Настанот, организиран во партнерство со ОИС, ќе го претстави потенцијалот на Халал пазарот во „Област за козметика и хигиена со приватни етикети“, „Област за природни, органски и вегански производи“, „H-Food област за храна“, „Специјална област за технологии за храна и пакување“ и „Област за аквакултура и технологии на SEFPEX“.

„Приватни етикети за козметика и хигиена“, која нуди значајни можности за производителите со капацитети за производство на приватни етикети и компаниите што сакаат да ги донесат своите производи со приватни етикети на глобалниот пазар, ќе понуди иновативни решенија за производителите и трговците на мало.

- Засегнатите страни за природните производи ќе се сретнат во областа за Природни-органски-вегански производи (NOV)

Природни-органски-вегански производи (NOV), една од посебните области на Халал Експо, ќе понуди значајни можности за алтернативни пазари со висок потенцијал за трговија. NOV ќе им овозможи на компаниите што работат во клучни области, како што се органска храна, природна козметика, веганска храна, производи на растителна основа, еколошки пакувања и одржлив текстил да ги претстават своите производи.

SEFPEX, област за морска храна и специјална опрема, ќе ги собере компаниите што работат во секторот за морска храна и опрема за преработка на овој ексклузивен настан. SEFPEX ќе биде домаќин на клучните играчи во индустријата, како што се производители, преработувачи, производители на опрема, компании за логистика и складирање, како и експерти за здравје и болести во аквакултурата.

Прехранбената област H-Food ќе биде место за состаноци за трговија, претставувајќи иновативни производи и зближувајќи ги компаниите од оваа индустријата. H-Food, исто така, ќе претстави трендови во храната, панел-дискусии и интерактивни дегустации, а ќе биде домаќин и на делегации на купувачи од над 40 земји.

Специјалната област за прехранбени технологии и пакување ќе биде домаќин на илјадници посетители, заедно со водечките компании во технологиите за пакување и прехранбена технологија, отворајќи го патот за нови трговски договори.

На Глобалниот самит на продавачи ќе се дискутира за иновациите во е-трговијата на глобално ниво, неодамнешните случувања и идните активности.

- ETHEXPO ќе ги обедини туристичкиот и здравствениот сектор под еден покрив

ETHEXPO, едно од најпосетуваните подрачја на самитот, ќе ги обедини домашните и меѓународните компании што работат во туристичкиот и здравствениот сектор под еден покрив.

Над 100 изложувачи, повеќе од 15 земји учеснички, посетители од над 100 земји и повеќе од 50.000 посетители ќе истражуваат нови соработки за проширување на трговијата на Саемот за туризам и здравје ETHEXPO Евроазија.

ETHEXPO ќе ги обедини болниците, медицинските центри, клиниките, амбулантите, туристичките агенции и компаниите за трансфер, овозможувајќи им на компаниите да се прошират на нови пазари.

Саемот за скромна мода и уметност, исто така, ќе биде домаќин на дизајнери, брендови и клучни компании во индустријата што ќе ја претстават разновидноста на модата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.