Турскиот претседател Ердоган во официјална посета на Кувајт
Ердоган е придружуван од првата дама Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек...

КУВАЈТ / ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во Кувајт на официјални разговори, што е негова прва станица од тридневната турнеја низ земјите од Персискиот Залив, јавува Анадолу.
Ердоган беше пречекан од шеикот Мишал ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах, кувајтскиот емир, со официјална церемонија.
На церемонијата присуствуваа и министерката за јавни работи на Кувајт, Нора Мухамед ал-Машан, министерот за одбрана Абдула Али ал-Сабах, други министри од кабинетот и кувајтски функционери, како и персоналот од турската амбасада во Кувајт.
Ердоган е придружуван од првата дама Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, директорот за комуникации Бурханетин Дуран, шефот на Националната разузнавачка агенција, Ибрахим Калин и други претставници.
По церемонијата Ердоган се упати кон палатата Бајан, каде што ќе се одржат билатерални и меѓуделегациски средби со Ал Сабах.
По средбите и потпишувањето на договорите меѓу двете земји, се очекува Ердоган да присуствува на официјалната вечера што ја организира Ал Сабах.
Покрај Кувајт, Ердоган ќе ги посети и Катар и Оман.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.