економија

„Халкбанк“ најдобра банка за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

„Ние како „Халкбанк“ на македонскиот економски пазар работиме веќе скоро 25 години. Во тој период, колку што е можно се стремиме да придонесеме кон економијата...“

Husamedin Gina  | 03.05.2019 - Обновена : 05.05.2019
„Халкбанк“ најдобра банка за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа Фото: Husamedin Gina/АА

СКОПЈЕ (АА) – „Халкбанк“ АД Скопје денес го доби престижното признание за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“, јавува Anadolu Agency (AA). 

Главниот извршен директор на „Халкбанк“ АД Скопје, Билал Суџубаши, истакна дека за нив претставува чест да се прими престижното признание за придонес за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа. 

„Како што знаете, ние како „Халкбанк“ на македонскиот економски пазар работиме веќе скоро 25 години. Во тој период, колку што е можно се стремиме да придонесеме кон економијата на (Северна) Македонија, претежно поддржувајќи ги малите и средните претпријатија. Ние сме многу среќни што ова не го кажуваме само ние, туку и експертите од оваа област“, нагласи Суџубаши. 

Синиша Зариќ, претседателот на Меѓународниот комитет „Креатори на столетието“, истакна дека еднаш годишно им доделуваат признанија на организациите и на личностите кои со својата активност даваат најголема поддршка за развој на претприемништвото.

„Во секторот на банкарството за минатата 2018 година препознаена е „Халкбанка“ од Скопје како носител и еден од лостовите за развој на претприемништвото во (Северна) Македонија“, истакна Синиша Зариќ, додавајќи дека од регистрирањето на „Халкбанк“ во Скопје се зголемиле и банкарските услуги. 

Винко Ќуро, претседателот на Управниот одбор на МЕФ „Перспективи“, истакна дека при анализата на банкарскиот сектор во Северна Македонија, „Халкбанк“ се покажала како најуспешна и најквалитетна банка која дава услуги за граѓаните и за компаниите. 

На денешната свеченост присуствуваа министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, директорот на Институтот „Јунус Емре“ Скопје, Сехат Кула, директорот на турската Фондација „Маариф“, Мустафа Дилиоглу, почесниот конзул на Турција во Битола, Ајдоган Адемовски, значајни претставници од бизнис-секторот во земјата и голем број гости. 

Признанието го доделуваат Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамките на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“, кој годинава се одржа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, Хрватска. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.