свет, економија

Русија ќе забрани извоз на бензин до крајот на август

- „Одлуката е донесена за да се одржи стабилна состојбата на домашниот пазар на гориво во периодот на висока сезонска побарувачка и земјоделска работа на терен“, се вели во соопштението на Владата.

Mücahithan Avcıoğlu  | 29.07.2025 - Обновена : 29.07.2025
 Русија ќе забрани извоз на бензин до крајот на август

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија вчера соопшти дека привремено ќе забрани извоз на бензин до 31 август, јавува Анадолу.

„Одлуката е донесена за да се одржи стабилна состојбата на домашниот пазар на гориво во периодот на висока сезонска побарувачка и земјоделска работа на терен“, се вели во соопштението на Владата.

Претходно овој месец вицепремиерот Александар Новак одржа состанок со претставници на индустријата во врска со зголемувањето на цените на горивата и им наложи да преземат потребни мерки за справување со овие цени.

Русија се соочува со периодични зголемувања на цените на бензинот поради нападите со беспилотни летала врз рафинериите за нафта и зголемената побарувачка, особено во земјоделскиот сектор.

Русија, еден од најголемите светски извозници енергенси, произведува повеќе од 40 милиони тони бензин годишно.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın