економија

Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа поради намалувањето на залихите во САД

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за 79,35 долари за барел во 9:54 часот по локално време, што претставува зголемување од 0,83 отсто

Sibel Morrow  | 06.01.2023 - Обновена : 09.01.2023
Цените на нафтата на светскиот пазар пораснаа поради намалувањето на залихите во САД

АНКАРА (АА) - Цените на нафтата се зголемија денеска поради еуфоријата на побарувачката по благиот пад на залихите на гориво во Соединетите Американски Држави (САД), но актуелниот страв од глобална рецесија го ограничија понатамошниот раст на цените, јавува Агенција Анадолија (АА).

Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за 79,35 долари за барел во 9:54 часот по локално време, што претставува зголемување од 0,83 отсто од цената на затворањето на берзата од 78,69 долари за барел во претходната сесија на тргување.

Американскиот репер „Вест Тексас интермедиејт“ (West Texas Intermediate (WTI)) во исто време се тргуваше за 74,37 долари за барел, што претставува раст од 0,95 отсто по затворањето на претходното тргување на 73,67 долари за барел.

Очекуваната економска рецесија продолжува да ги поттикнува стравувањата од побарувачката на инвеститорите, меѓутоа, изненадувачкото намалување на залихите на бензин во најголемиот светски потрошувач на нафта, САД, сигнализира закрепнување на побарувачката.

Управата за енергетски информации (EIA) соопшти дека залихите во земјата се намалиле за 300.000 барели на 222,7 милиони барели минатата недела.

Комерцијалните залихи на сурова нафта во земјата се зголемени за околу 1,7 милиони барели на 420,6 милиони барели.

Оптимизмот за подобрување на ситуацијата со Ковид во Кина, исто така, придонесe за раст на цените бидејќи се очекува во земјата да се зголеми побарувачката за нафта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.