Турција, економија

Турција ги надмина гигантите, пружаше најголема ликвидна поддршка во текот на пандемијата

Во периодот откако во светот поради Ковид-19 е прогласена пандемија, глобалната економска активност и трговијата застанаа, а милиони луѓе останаа без работа

Bahattin Gönültaş,Gökhan Kurtaran,Sevgi Ceren Gökkoyun   | 01.05.2021
Турција ги надмина гигантите, пружаше најголема ликвидна поддршка во текот на пандемијата

БЕРЛИН/ЛОНДОН/АНКАРА (АА) - Според Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансиски мониторинг, во текот на пандемијата Турција, меѓу растечките економии на земји од Г-20, е земја што пружи најголема ликвидна поддршка во однос на својот БДП, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со вирусот Ковид-19, кој се појави во Кина во декември 2019 година и се прошири низ целиот свет, досега се заразија над 150 милиони луѓе, предизвикувајќи смрт на повеќе од 3,2 милиони.

Новиот вид коронавирус (Ковид-19), кој Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи за пандемија на 11 март 2020 година, ја предизвика најтешката здравствена криза во последните повеќе од 100 години и во големи размери ги разниша темелите на глобалната економија.

- Затворени граници -

Во периодот откако во светот поради Ковид-19 е прогласена пандемија, глобалната економска активност и трговијата застанаа, а милиони луѓе останаа без работа.

Пандемијата ја погоди економијата и на развиените земји преку нивните здравствени системи и ги продлабочи постојните проблеми во земјите со ниски приходи. Во периодот кога беше потребна меѓународна солидарност, државите ги затворија своите граници, а глобализацијата исто така доживеа прекин во меѓународните ланци на снабдување.

Додека развиените економии се обидуваа да го спречат ширењето на епидемијата на Ковид-19, земјите во развој се соочија со невидена закана по човечките животи, социјалниот интегритет и економиите.

Поради пандемијата низ целиот свет, владите мораа да спроведат карантин за да го спречат ширењето на вирусот и да воведат некои ограничувања во економскиот живот.

- Ефикасна борба на Турција против епидемијата -

Иако Турција мораше да спроведе мерки на затворање за да ја контролира епидемијата, таа користеше методи на поддршка како што се реструктуирање на кредитите и долговите, поддршка на ликвидноста на пазарот, можности за заеми со ниски каматни стапки и други мерки во рамките на поддршката и поттикнувањето за намалување на влијанието на епидемијата врз економијата.

Според Извештајот за финансиски мониторинг на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од април 2021 година, Турција, иако се наоѓа на листата на земји кои за време на епидемијата најмногу ги поддржуваат своите граѓани во однос на развиените економии, е лидер и меѓу земјите со растечки пазари на Г20 во поглед на поддршка на ликвидносната.

Во извештајот на ММФ, Турција, за која е наведено дека обезбедува ликвидна поддршка со стапка од 9,4 проценти од националниот доход за време на епидемијата, зад себе ги остави земјите како Кина, Бразил, Индија и Јужноафриканската Република, кои се оценуваат во истата категорија. Земјата што ѝ се приближи на Турција беше Бразил, со 6,2 отсто. Русија и Кина на ова поле се рангирани со 1,5 и 1,3 отсто.

Во Турција, односот меѓу заемите дадени во рамки на Фондот за кредити и националниот доход достигна 6,4 отсто.

- „Турција има голем простор за финансиски маневар“ -

Тимоти Еш, виш стратег за „Bluebay Asset Management Market“, со седиште во Лондон, го коментираше фактот дека Турција е на првото место меѓу земјите од Г20 за финансиската поддршка пружена во текот на епидемијата.

„Тоа укажува дека финансискиот долг на Турција е низок во споредба со бруто домашниот производ (БДП), така што има голем простор за финансиски маневар во поддршката за време на Ковид-19“, рече Еш.

Американскиот инвеститор, пазарен експерт и менаџер на финансиската компанија „Биленд Интрестс“, со седиште во Сингапур, Џим Роџерс одлично ги познава можностите на меѓународните финансиски пазари и смета дека Турција направила многу.

„Како што направија Соединетите Американски Држави, Јапонија, Велика Британија, и Турција исто така направи многу за да ги заштити своите граѓани од катастрофата (економските услови создадени од епидемијата). Турција направи многу повеќе (во финансиската поддршка) отколку повеќето земји“, смета Роџерс.

Укажувајќи на одржувањето на турската фискална дисциплина со обезбедување финансиска поддршка за намалување на економските ефекти од епидемијата, Роџерс ги коментираше и високите стапки на задолженост на развиените економии во споредба со јавниот долг.

„На пример, сериозно се сомневам во поддршката пружена во Јапонија, САД и во Велика Британија. Младите во САД ќе се соочат со огромен товар поради долг во иднина. Моите деца ќе се соочуваат со огромни проблеми до крајот на животот“, рече Роџерс.

- Поддршка на ликвидноста -

Според извештајот на ММФ, поддршката за ликвидноста која ја пружаше Турција ги опфати и полуфинансиските трансакции, како што се поддршка во основниот капитал, заемите, купувањето имот или преземање на долгови, содолжништво и одложување на долгот. Во тој контекст, на Турскиот суверен фонд за богатство (TVF) му е доделена задача за капитална поддршка на компаниите погодени со Ковид-19.

Зират банка, Халкбанк и Вакифбанк ја одложија исплатата на основниот капитал и каматата на компаниите врз чиј паричен тек епидемијата негативно влијаеше и обезбедија рефинансирање.

Во текот на пандемијата, под водство на јавните банки, беа продолжени роковите за отплата на кредитите на кредитните картички, кредитите со ниски камати за семејствата со ниски приходи, одложување на отплатата на обртот во април, мај и јуни без казни, пружајќи нови каматни кредити за занаетчиите и кредитни картички со подолг рок на отплата. Исто така, на компаниите им беа понудени посебни кредити за да не мора да ги отпуштаат своите работници.

Државните банки на 1 јуни минатата година започнаа и нови кампањи за индивидуални кредити за купување куќи и потрошувачки трошоци. Отплатата на кредитите на земјоделците исто така е одложена за шест месеци.

Во рамките на пакетот за поддршка наречен „Штит за економска стабилност“, поддршката на трезорот за кредити одобрени со гарантен лимит на Кредитниот фонд е зголемена од 25 на 50 милијарди лири.

- Долгот на трезорот -

Според податоците на Министерството за трезор и финансии, бруто надворешниот долг на Турција на 31 декември 2020 година изнесува 450 милијарди долари. Односот на залихите со националниот доход изнесува 62,8 отсто.

Нето уделот на надворешниот долг на Турција во истиот период изнесува 268,9 милијарди долари. Односот на залихите со националниот доход е забележан на 37,5 отсто.

Надворешниот долг загарантиран со трезорот изнесуваше 14,8 милијарди долари. Јавниот долг во овој период изнесуваше 967,6 милијарди лири. Односот на залихите и националниот доход изнесува 19,2 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.