економија

Русија забрани трговија со акции на некои енергетски компании во кои има странски инвестиции

- Претседателот на Русија Путин, денеска на странските инвеститори им ја ограничи можноста за купување и продавање акции во повеќе од 190 компании, вклучувајќи ги и компанијата „Унипро“ и локалната филијала на финската енергетска компанија „Фортум“

Emre Gürkan Abay  | 09.11.2022 - Обновена : 10.11.2022
Русија забрани трговија со акции на некои енергетски компании во кои има странски инвестиции

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска на странските инвеститори им ја ограничи можноста за купување и продавање акции во повеќе од 190 компании, вклучувајќи ги и компанијата „Унипро“ и локалната филијала на финската енергетска компанија „Фортум“, известува Агенција Анадолија (АА).

Декретот што го потпиша Путин покрива вкупно 191 компанија кои работат во Русија и имаат акции во сопственост на инвеститори од западните земји кои воведоа санкции кон Русија.

Трансакциите на акции во овие руски фирми ќе бидат предмет на посебни дозволи. Меѓу тие компании се „Унипро“, „Фортум“, „Бејкер Хјуз“ и „Шнајдер електрик“.

Русија на 5 август на инвеститорите од „непријателските земји“ им забрани да тргуваат со акциите на стратешките компании.

На 26 октомври Путин издаде уште еден декрет со кој е забрането спроведување трансакции на акции или акциски капитал на 45 банки и финансиски организации со седишта во земјите кои воведоа санкции кон Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın