економија

Растот на БДП на ЕУ под очекувањата во вториот квартал

- Бруто-домашниот производ (БДП) на ЕУ се зголеми за 0,6 отсто во вториот квартал годинава, во споредба со претходниот квартал, според проценката на статистичкото тело на Блокот денеска

Aysu Biçer  | 17.08.2022 - Обновена : 18.08.2022
Растот на БДП на ЕУ под очекувањата во вториот квартал

АНКАРА (АА) - Бруто-домашниот производ (БДП) на ЕУ се зголеми за 0,6 отсто во вториот квартал годинава, во споредба со претходниот квартал, според проценката на статистичкото тело на Блокот денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бројката е под пазарната прогноза за раст од 0,7 отсто.

„На годишна основа, БДП на ЕУ се зголеми за 4 отсто во периодот април - јуни“, соопшти Евростат.

Меѓу земјите членки со достапни податоци, Холандија забележа најголем пораст во однос на претходниот квартал со 2,6 отсто, потоа Романија (2,1 отсто) и Шведска (1,4отсто).

Германија, најголемата европска економија, стагнира со раст од 0 отсто во вториот квартал, додека Полска (минус 2,3), Латвија (минус 1,4 отсто) и Литванија (минус 0,4 отсто) забележаа квартални контракции.

Според податоците на Евростат, вработеноста во ЕУ се зголемила за 0,3 отсто во вториот квартал, во споредба со претходниот квартал.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın