свет, економија

Полска потпиша 10-годишен договор за природен гас со Норвешка

Природниот гас во рамките на договорот ќе се испраќа преку гасоводот „Балтик пајп“ кој ќе биде отворен на 1 октомври

Murat Temizer  | 26.09.2022 - Обновена : 27.09.2022
Полска потпиша 10-годишен договор за природен гас со Норвешка

АНКАРА (АА) - Полската енергетска компанија „ПГНиГ“ и норвешката компанија „Еквинор“ потпишаа 10-годишен договор за купување на природен гас до 2,4 милијарди кубни метри годишно, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на „ПГНиГ“, природниот гас во рамките на договорот ќе се испраќа преку гасоводот „Балтик пајп“ кој ќе биде отворен на 1 октомври.

Договор ќе важи од 1 јануари 2023 до 1 јануари 2033 година.

Норвешкиот природен гас ќе се пренесува прво во Данска, а потоа во Полска преку гасоводот „Балтик пајп“.

Стапката на исполнетост на резервоарите за природен гас во Полска изнесува 98 отсто.

Полска, половина од нејзините годишни потреби за природен гас од приближно 21 милијарда кубни метри ги купува од Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.