економија

Експерт: „Кинеската забрана за криптовалута има за цел да ја елиминира конкуренцијата со дигиталниот јуан“

- „Дигиталниот јуан е дел од сеопфатната низа акции на кинеската Влада за целосна контрола врз животот на нејзините граѓани“, рече тој.

Övünç Kutlu  | 01.10.2021 - Обновена : 02.10.2021
Експерт: „Кинеската забрана за криптовалута има за цел да ја елиминира конкуренцијата со дигиталниот јуан“

АНКАРА

Најновите кинески регулативи за криптовалутите имаат за цел да ја елиминираат конкуренцијата со новата дигитална валута во Пекинг, дигиталниот јуан, изјави експерт за Агенција Анадолија (АА).

„Извршувањето нелегални трансакции со криптовалути во Кина е многу очекуван потег за да се елиминира секоја потенцијална конкуренција за новата идна суверена дигитална валута на Владата, рече Дејвид Лесперенс, управен директор на меѓународната советодавна фирма за даноци и имиграција „Лесперанс и соработниците“, преку писмено соопштение за АА.

„Дигиталниот јуан е дел од сеопфатната низа акции на кинеската Влада за целосна контрола врз животот на нејзините граѓани“, рече тој.

Кинеската централна банка, Народната банка на Кина, минатата недела објави дека ќе ги заостри регулативите за криптовалутните активности, вклучително и тргување и рударство, бидејќи Владата ги интензивира мерките против дигиталните монети.

Нејзините регулативи за криптопазарот вклучуваат забрана за тргување, издавање токени и криптодеривати, земајќи ги предвид крипторазмените во странство, кои нудат услуги за домашните жители во Кина, нелегална активност, како и забрана за финансиски институции, небанкарски платежни компании и интернет-фирми да го олеснуваат криптотргувањето.

Лесперанс тврди дека Кина сака да има целосна контрола врз своето население, а дигиталниот јуан, во комбинација со валутната контрола во Кина, ќе му даде на Пекинг целосна визија за населението и сите негови финансиски трансакции.

- Што можат да направат кинеските корисници?

По заострувањето на регулативите во Пекинг, лицата кои имаат криптовалути во Кина имаат некои опции - тие можат или да ги добијат своите криптосредства надвор од земјата или да чекаат Владата да понуди трампа за нивните криптосредства во замена за дигитален јуан.

„Кинеската забрана за криптовалути ефективно ќе направи поделба меѓу сопствениците на криптовалути во таа земја“, рече Лесперанс.

Тој тврди дека група инвеститори на криптовалути во Кина ќе дејствуваат за да ги добијат своите криптосредства и да направат план за бегство, за да избегнат целосна контрола на Владата, додека друга група ќе биде под лупа на Владата доколку не дејствува.

- Централни банки 

Друга тема во фокусот на криптопазарот во последно време е дали централните банки низ светот ќе издаваат сопствени дигитални валути како Народната банка на Кина.

„Сите пари и средства во светот ќе бидат дигитализирани. Старите решенија базирани на хартија не се погодни за дигитален свет, а валутите на Централната банка не се исклучок од ова. Секоја централна банка ќе креира своја дигитална верзија на свои декретни пари во текот на следните години“, изјави за АА преку писмено соопштение, Метју Ле Мерл, управен партнер на фирмата за ризичен капитал со седиште во Сан Франциско, „Блокчејн коинвесторс“ (Blockchain Coinvestors), која инвестира во „блокчејн“ компании.

Истакнувајќи дека централните банки низ светот биле одбивани за криптовалути пред три години кога дигиталните монети беа воведени како алтернативни системи и складишта на вредност во дигиталните паричници, тој рече: „Денес во светот не постои сериозен централен банкар кој се сомнева во тоа дека светот ќе стане дигитален.“

„Забележително е дека повеќето светски банки немаат дигитални паричници... Во САД, банките многу заостануваат од таму каде што треба да бидат. Американските законодавци треба да помогнат со обезбедување конструктивни и идни закони за забрзување на овие иновации“, рече тој.

Иако секретарката за финансии на САД, Џенет Јелен, беше критички настроена кон биткоинот и другите криптовалути, претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, минатата среда изјави дека ФЕД оценува дали да спроведе сопствена дигитална валута и наскоро ќе објави документ за ова прашање.

„Се започнува со сигурен, безбеден, усогласен дигитален паричник и американското Министерство за финансии брзо се движи за да создаде дигитален долар“, рече Ле Мерл.

Лесперанс рече дека потегот од физичка кон дигитална валута се забрзува.

„Некои земји како САД ќе користат дигитална валута на Централната банка (CBDC) како средство за заштита на статусот на резервна валута. Други земји, како што е Кина, ќе ја користат како средство за контрола на своите граѓани“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.