Балкан

Собранието на Косово го усвои буџетот за 2026 година

- Буџетот изнесува околу 4 милијарди евра и беше оценет како привремен и итен бидејќи ќе се ревидира наредните месеци

Shpetim Hiseni  | 20.02.2026 - Обновена : 20.02.2026
 Собранието на Косово го усвои буџетот за 2026 година Erkin Keçi/AA

ПРИШТИНА (AA) – Собранието на Косово денес во второ читање го усвои предлог-буџетот за 2026 година, јавува Анадолу.

Буџетот беше усвоен со 62 гласа „за“ и 36 „против“.

Тој изнесува околу 4 милијарди евра и беше оценет како привремен и итен бидејќи ќе се ревидира наредните месеци.

За време на седницата не беше усвоен ниеден амандман на опозицијата со финансиски импликации, додека беа поддржани два амандмана за вклучување средства во буџетот за општините Приштина и Штимле.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın