Балкан

Се распушта Собранието во Косово, земјата оди на нови предвремени избори

- Претседателката Вјоса Османи одржа прес-конференција на која истакна дека во согласност со Уставот на Косово донела указ за распуштање на Собранието

Dzihat Aliju  | 06.03.2026 - Обновена : 09.03.2026
 Се распушта Собранието во Косово, земјата оди на нови предвремени избори Erkin Keçi/AA

ПРИШТИНА (AA) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го распушти Собранието по неуспешниот процес за избор на претседател на земјата, отворајќи го патот за нови предвремени избори, јавува Анадолу.

Османи одржа прес-конференција на која истакна дека во согласност со Уставот на Косово донела указ за распуштање на Собранието.

„Тука сум пред вас бидејќи претставниците на народот синоќа одлучија земјата да ја пратат на нови избори. Оваа ситуација можеше целосно да се избегне. Голема несреќа за оваа држава е што тие не го избраа интересот на Република Косово“, изјави Османи.

Таа рече дека по консултациите со политичките партии денес ќе биде одреден новиот датум за избори.

Потсетуваме дека Собранието на Косово синоќа, поради тоа што немаше доволно кворум, односно две третини од пратениците присутни во салата на пленарната седница, не успеа да избере нов претседател.

Мандатот на актуелната претседателка Османи завршува на 4 април 2026 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.