Хрватска: Пожарот кај Омиш надвор од контрола, пожарникарите спасуваат станбени објекти
„Пожарот се разгорува и немаме контрола врз него, спасуваме куќа по куќа“
СПЛИТ (АА) - Пожарот што избувна рано утрово на подрачјето на Писак и Марушиќ, источно од Омиш во Хрватска, се разгорува бидејќи пожарникарите не успеваат да го стават под контрола, објавија денес хрватските медиуми, пренесува Анадолу.
Во соопштението на хрватската Противпожарна служба во Омиш, кое го пренесе агенцијата Хина, се наведува дека припадници на противпожарната служба се ангажирани во спасувањето на загрозените станбени објекти.
„Пожарот се разгорува и немаме контрола врз него, спасуваме куќа по куќа“, рече командирот на Противпожарната служба во Омиш, Вишеслав Пешиќ, и додаде дека пожарот се шири кон Писак и Омиш.
„Сè е загрозено“, изјави командирот за хрватската агенција.
Во гаснењето на пожарот ангажирани се сите доброволни противпожарни друштва и сите јавни противпожарни единици од подрачјето на Сплитско-далматинската жупанија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
