Универзитетот ИБУ домаќин на претставниците на медиумите во Северна Македонија
Во рамките на програмата што се одржа во кампусот на ИБУ со учество на приближно 30 претставници на медиумите, беа дадени информации за активностите на Универзитетот
СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје им беше домаќин на претставниците на медиумите во Северна Македонија, јавува Анадолу.
Во рамките на програмата што се одржа во кампусот на ИБУ со учество на приближно 30 претставници на медиумите, беа дадени информации за активностите на Универзитетот.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, го изрази своето задоволство што се домаќини на еден ваков настан.
Информирајќи ги новинарите за работата на ИБУ, ректорот Сунар истакна дека Клиниката по стоматологија „Дентал клиник“, што работи во рамките на Универзитетот, поседува најсовремена технолошка опрема и е отворена за јавноста.
Потоа ректорот заедно со новинарите ги посетија лабораторијата, библиотеката и работилниците на Одделот за архитектура на ИБУ.
За време на посетата на Универзитетот новинарите изјавија дека им се допаѓа напредната технолошка опрема што ја поседува ИБУ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
