спорт

Македонската кошаркарска репрезентација убедливо триумфираше против Азербејџан

Со овој триумф во Скопје, македонскиот национален тим ја потврди фаворитската улога во групата

Elena Trenchevska Chekovikj  | 28.11.2025 - Обновена : 28.11.2025
Македонската кошаркарска репрезентација убедливо триумфираше против Азербејџан

СКОПЈЕ (АА) - Македонската кошаркарска репрезентација вечерва со убедлива победа го совлада Азербејџан, јавува Анадолу.

Со резултат 87:49 македонската репрезентација ги стартуваше претквалификациите за Евробаскет 2029.

Со овој триумф во Скопје, македонскиот национален тим ја потврди фаворитската улога во групата.

Избраниците на селекторот Марјан Илиевски од почетокот диктираа темпо, а со тоа имаа и контрола над резултатот. Националниот тим првата двоцифрена предност ја оствари на почетокот на вториот период (25:15), а на полувреме резултатот беше 40:21. Македонските кошаркари во 26. минута стигнаа до резултатот 52:32, со постојано зголемување. На крајот разликата ја мина границата и од 30 поени до резултатот 87:49.

Следниот натпревар македонската кошаркарска репрезентација го игра против Република Ирска во недела во Даблин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.