Муцунски: Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел, известува Анадолу.
На состанокот, министрите разговараа за имплементацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, зајакнувањето на колективната одбрана и одговорот на современите безбедносни предизвици.
Министерот Муцунски во своето обраќање ја нагласил важноста од долгорочен и стратешки пристап на Алијансата, како и потребата од единство меѓу сојузниците во насока на одржлива политичка волја, фер распределба на товарот и колективна посветеност. Тој укажа и на потребата од заеднички пристап за постигнување долгорочно и заемно прифатливо мировно решение, преку конструктивниот дипломатски процес отпочнат од САД и Украина, со поддршка на партнерите.
Посочувајќи дека Западен Балкан треба да остане во засилен фокус на НАТО и ЕУ, министерот Муцунски истакнал дека таквиот усогласен и стратешки ангажман ќе придонесе за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и за поддршка на целосната интеграција на земјите од регионот во европските и евроатлантските структури.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
