Украинскиот претседател Зеленски допатува во Албанија
Во Албанија денес ќе се одржи Самитот Украина - Југоисточна Европа на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од Југоисточна Европа

ТИРАНА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски пристигна во Албанија за да присуствува на Самитот Украина - Југоисточна Европа што ќе се одржи во Тирана, главниот град на Албанија, јавува Анадолу.
Зеленски на Меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан од албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани, претставници на албанската Влада и претставници на украинската Амбасада во Албанија.
Во својата објава на својот профил на социјалните мрежи, Хасани истакна дека е голема чест да се биде домаќин на Зеленски во Тирана.
„Ова е важен момент за подобрување на билатералните односи и за солидарност со Украина во нејзината херојска борба против руската агресија“, рече Хасани.
Во Албанија денес ќе се одржи Самитот Украина - Југоисточна Европа на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од Југоисточна Европа.
Зеленски ќе се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со други официјални претставници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.