Балкан

Средба на претседателот Гаши со делегација на Сенатот на Кралството Шпанија

- Посакувајќи им добре дојде на гостите, претседателот на Собранието Африм Гаши го изразил своето убедување дека оваа посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу двата пријателски парламента и земји.

Oktaj Omeragikj  | 24.11.2025 - Обновена : 24.11.2025
Средба на претседателот Гаши со делегација на Сенатот на Кралството Шпанија

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска, оствари средба со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија, известува Анадолу.

Собранието на Северна Македонија објави соопштение за денешната средба на претседателот на Парламентот, Гаши, со делегацијата на Сенатот од Шпанија. Во соопштението се наведува дека делегацијата ја сочинуваат Наталија Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастиљо Родригез, членови на Комитетот за надворешна политика на Сенатот.

Посакувајќи им добре дојде на гостите, претседателот Гаши го изразил своето убедување дека оваа посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу двата пријателски парламента и земји.

Претседателот на Собранието изразил благодарност за поддршката што Шпанија ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, објаснувајќи ја сензибилноста на ситуацијата со бараните промени на Уставот, и изразил надеж дека гостите од Шпанија ќе имаат разбирање и ќе помогнат во совладување на последните пречки за почнување на преговорите со Унијата.

„Соговорниците од Сенатот на Шпанија објаснија дека и тие доаѓаат од една мултинационална држава и дека ја разбираат сензибилноста на прашањето, но почнувајќи од нивното искуство од патот на Шпанија во Европската Унија, потврдија дека компромисите, иако се тешки одлуки, тие на подолг рок ги решаваат проблемите и придонесуваат за мир и развој“, се наведува во соопштението.

Соговорниците на крајот од средбата изразија желба посетата да биде успешна и да продолжи соработката со заемна полза на двете страни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.