Главниот град на Косово остана без јавен превоз поради финансиски тешкотии
- Десетици автобуси за јавен превоз во главниот град стојат неподвижни на својот паркинг во населбата Емшир, во близина на Автобуската станица.
ПРИШТИНА (АА) - Локалните автобуси во Приштина престанаа да сообраќаат поради финансиските тешкотии со кои се соочува компанијата „Транспорти урбан“, јавува Анадолу.
Десетици автобуси за јавен превоз во главниот град стојат неподвижни на својот паркинг во населбата Емшир, во близина на Автобуската станица.
Во понеделникот наутро, се создаде уште поголем метеж во сообраќајот во Приштина поради недостатокот на автобуси од градскиот сообраќај, бидејќи повеќето граѓани кои користат јавен превоз беа принудени да користат автомобили за превоз.
„Како резултат на овие финансиски тешкотии и недостатокот на гориво, против наша волја, бевме принудени да го прекинеме сообраќајот на сите линии“, објави претпријатието.
Вработените во „Транспорти урбан“ протестираа во денес наутро пред Општина Приштина, а потоа и во близина на зградата на Владата на Косово, барајќи решение за платите на работниците.
Меѓу нив беше и градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, кој ја обвини косовската Влада за целата ситуација.
„Знаете, исто како нас, ако ги имате вашите плати во банка, а банкарски службеник таму не ги отпушти парите, Владата се однесува на ист начин кон Општината. Таа не ги отпушта нашите пари што ги имаме во готово, за да ги исполниме нашите обврски кон вас“, рече Рама.
Претпријатието објави дека автобускиот сообраќај нема да се врати додека не им се исплатат платите.
Собранието на Косово, и покрај неможноста за формирање нова влада, не успеа да се обедини за да гласа за буџетот на Косово за 2026 година, буџетот за три општини, вклучувајќи ја и Приштина, и буџетот на државната Радио-телевизија на Косово (РТК) пред распуштањето.
Во меѓувреме, вработените на РТК започнаа генерален штрајк, влегувајќи во својот 24-ти ден без плати.
Штрајкот на 700 вработени во државната телевизија ќе продолжи секојдневно од 11:00 до 13:00 часот, со прекин на целата работа во секој сектор.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
