Балкан

Средба Мисајловски - Роблес: Истакната подготвеноста за унапредување на билатералната соработка во одбраната

„Технологијата во воената област се развива со огромна брзина и затоа соработката на тоа поле е суштинска во развојот на воените капацитети и способноста на сојузниците да ја гарантираат безбедноста“

Elena Trenchevska Chekovikj  | 04.02.2026 - Обновена : 04.02.2026
Средба Мисајловски - Роблес: Истакната подготвеноста за унапредување на билатералната соработка во одбраната Фото: Мин. за одбрана на РСМ

Скопје

Министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски, престојува во посета на Шпанија, пренесува Анадолу.

На покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, министерот Мисајловски денес присуствува на отворањето на 3. Глобален меѓународен самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој денес и утре се одржува во А Коруња, Шпанија, соопшти Министерството за одбрана на РСМ.

„Целта на овој самит на кој учествуваат министри, државни претставници од речиси сите земји членки на ОН, претставници на меѓународни организации, академици и други високи гости е зајакнување на глобалната свест за одговорен развој на вештачката интелигенција во воен контекст, притоа почитувајќи ги човековите права и меѓународното право“, се додава во соопштението.

Во рамки на Самитот, министерот Мисајловски остварил средба со својата колешка Роблес, на која била истакната заедничката подготвеност за унапредување на билатералната одбранбена соработка и е разговарано за повеќе предлог заеднички активности и изготвување План за соработка меѓу двете земји.

Министерот Мисајловски заблагодарувајќи се на поканата истакна дека Самитот претставува значајна можност за размена на експертски мислења во доменот на одбраната и безбедноста:

„Технологијата во воената област се развива со огромна брзина и затоа соработката на тоа поле е суштинска во развојот на воените капацитети и способноста на сојузниците да ја гарантираат безбедноста“, нагласи министерот.

Тој посочил дека поканата за учество е доказ и за одличните билатерални одбранбени односи со Шпанија чие унапредување била клучна тема на средбата.

Мисајловски истакнал дека Северна Македонија во ноември 2024 година беше првата земја кандидат за членство во Унијата од Балканот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ додавајќи дека „македонскиот придонес кон регионалната и колективната безбедност со ист интензитет ќе продолжи и во иднина“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.