Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 1.094 нови случаи на Ковид-19, починати 30 лица

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 30 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјава се искачи на 1.630.

Admir Fazlagic  | 26.11.2020 - Обновена : 27.11.2020
Северна Македонија: Регистрирани 1.094 нови случаи на Ковид-19, починати 30 лица

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.094 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во државата достигна 58.608, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати 30 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјава се искачи на 1.630.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.094 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјава изнесува 36.064.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 20.914.

Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 1.160 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın