Северна Македонија: Од Ковид-19 починаа 31 лице, регистрирани се 766 нови случаи
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 31 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.509

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 766 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 147.995, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 31 лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.509.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.118 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 124.828.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 18.658.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.171 тестирањe за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.