Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 183 нови случаи на Ковид-19
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.785.

СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 183 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 90.654, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.785.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.731 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 78.154.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 9.715
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.466 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.