Балкан

Протест во Скопје со поддршка на поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг

- Демонстрантите, меѓу кои и поранешни припадници на ОВК, носеа албански знамиња и различни национални симболи и извикуваа слогани во поддршка на поранешните челници на ОВК кои се судат во Хаг

Abdulbesar Ademi  | 13.12.2025 - Обновена : 13.12.2025
Протест во Скопје со поддршка на поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје на протест со поддршка на поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на кои им се суди во Хаг, Холандија, известува Анадолу.

Собирот, организиран од Организацијата на воените ветерани (ОВЛ) на ОВК, под слоганот „Ослободителите да се почитуваат, а не да се судат“, собра бројни учесници од Северна Македонија, Косово, Албанија и албанската дијаспора.

Демонстрантите, меѓу кои и поранешни припадници на ОВК, носеа албански знамиња и различни национални симболи и извикуваа слогани со поддршка на поранешните челници на ОВК на кои им се суди во Хаг, односно во Специјализираните совети на Косово, формирани согласно законите на Косово.

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, се обвинети за воени злосторства, вклучително убиства, присилна депортација и тортура, пред судот во Хаг, кој е составен од меѓународни судии и обвинители и ги гони за воени злосторства за кои се сомнева дека се извршени во Косово меѓу 1998 и 2000 година.

Обвинението против нив беше потврдено на 26 октомври 2020 година, а притворот во Хаг трае од 2020 година.

Слични протести во поддршка на поранешните челници на ОВК беа одржани и во Тирана, Приштина, како и во Хаг, Холандија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.