Aida Cako
05 Декември 2025•Ажурирај: 06 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Група демонстранти денес организираа протест пред зградата на германскиот Парламент (Бундестаг) во Берлин поради нацрт-законот за воена служба, јавува Анадолу.
Членовите на Германското општество за мир – Обединети противници на воената служба (DFG-VK) организираа демонстрации пред зградата на Бундестагот во главниот град додека се дискутираше за нацрт-законот за воена служба.
Тие држеа транспаренти на кои пишуваше „Не за регрутација“ и „Војната никогаш не е единствена опција, туку секогаш најлоша“.
Михаел Шулце фон Гласер од ДГГ-ВК истакна дека воените испити ќе бидат задолжителни почнувајќи од 2027 година.
„Ова постепено води кон задолжителна воена служба. Ние се спротивставуваме на задолжителната воена служба и обуката на луѓето за употреба на оружје низ целиот свет“, додаде Фон Гласер.
Германија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, преминувајќи на целосно волонтерски професионални сили. Во вооружените сили моментно има 183.000 лица.