Од почетокот на пандемијата во БиХ починаа 736 лица, излекувани се 16.990 пациенти
Според податоците на Министерството за цивилни работи на БиХ, за присуство на коронавирусот извршени се 215.696 тестирања, регистрирани се 6.485 активни случаи

САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ) со новиот тип коронавирус, Ковид-19, досега заразени се најмалку 24.211 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на Министерството за цивилни работи на БиХ, за присуство на коронавирусот извршени се 215.696 тестирања. Како последица на вирусот починаа 736 лица, додека излекувани се 16.990 пациенти. Регистрирани се и 6.485 активни случаи.
Во ентитетот Република Српска со коронавирусот заразени се 8.414 лица, а извршени се 72.378 тестирања. Како последица на вирусот починале 281 заразено лице, а бројот на оздравени достигна 5.375. Активни се 2.758 случаи.
Во ентитетот Федерација БиХ со коронавирусот досега заразени биле 15.493 лица, а спроведени се 139.822 тестирања за негово откривање. Од последици предизвикани од вирусот починале 435 лица, а 11.341 оздравеле. Моментално активни се 3.717 случаи.
Во дистриктот Брчко регистрирани се 304 заразени со Ковид-19. Досега извршени се 3.496 тестирања, а 20 лица починале од последици предизвикани од вирусот. Досега излекувани се 274 лица, а во моментов има 10 активни случаи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.