Младина од Турција, Северна Македонија, Србија и Бугарија се дружеа играјќи традиционални игри во Измир
- Настанот е организиран во еден хотел во местото Фоча во турската област Измир, како дел од проектот „Играј со мене“ на Здружението за образование, наука и млади ‘Денге’, поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија (ЕУ).

ИЗМИР (АА) - Деца и млади од Северна Македонија, Србија, Бугарија и домаќините од Турција се сретнаа на настан во Измир и се забавувајќи играјќи традиционални улични игри, известува Анадолу.
Настанот е организиран во еден хотел во местото Фоча во турската област Измир, како дел од проектот „Играј со мене“ на Здружението за образование, наука и млади ‘Денге’, поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија (ЕУ).
На настанот присуствуваа 45 млади луѓе од Турција, Северна Македонија, Србија и Бугарија. Учесниците кои беа запознаени со традиционалните игри што во минатото се играле на улица, во текот на 6 дена изградија силни пријателства.
Координаторот на проектот, Фатих Сари, за дописникот на АА изјави дека младите луѓе во овој период поминуваат премногу време пред компјутерот и дека проектот го подготвиле за спречување на тоа.
Истакнувајќи дека целта на проектот е да им се овозможи на младите да играат традиционални улични игри преку воспоставување физичка и социјална комуникација, Сари рече:
„Сите земји учеснички имаат заедничко минато и нивните игри се слични една на друга. Се виде дека не само игрите на земјите за кои станува збор, туку и нивната храна, култура и песни се многу слични една на друга и младите меѓусебно комуницираа.“
Сари изјави дека во текот на програмата биле играни и турски игри, како што се Челик-чомак (челик или клиса), џамлии и девет плочки (џамија), и додаде:
„Секој од учесниците имаше можност да ги види и одигра вообичаените игри што имаат различни имиња и правила на нивните јазици. Младите луѓе не само што се запознаа тука и се сложуваа на начин што ќе бидат во контакт едни со други и во иднина. Игрите ги обединуваат луѓето и ги елиминираат разликите. Најдобро се сложуваме во периоди кога физички играме игри, бидејќи додека заедно играме, ги споделуваме не само лесните, туку и тешките моменти. Овие споделувања нè зближуваат едни со други.“
Андреј Чакаровски од Северна Македонија, Сара Милошевиќ и Јагиз Ибрахим Бајкан од Србија им се заблагодарија на сите кои придонесоа во организирањето на проект.
Евгенија Николаева Недјалкова од Бугарија изјави дека гледањето и играњето традиционални игри било поинакво искуство за неа и додаде:
„Особено ми се допадна девет плочки (џамија), бидејќи удирањето на изградената кула со топка и нејзината повторна изградба ми беше многу возбудливо“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.