Министерство за здравство: „Турција обезбеди врвен третман за повредените од пожарот во Кочани“
Министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, во рамките на работната посета на Република Турција ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде што беа згрижени 6 лица повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија, Азир Алиу, во рамките на работната посета на Република Турција ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде што беа згрижени шест лица повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, известува Анадолу.
Во рамките на посетата министерот Алиу се сретна со д-р Али Емре Акѓун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршувањето на лекувањето на повредените од пожарот во Кочани.
„Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите што ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница ‘Анкара Билкент’ беа хоспитализирани шест пациенти, за кои беше обезбеден врвен третман од медицинските тимови според европски стандарди. Со раководството на болницата ги разгледавме можностите за продлабочување на соработката и натамошна размена на искуства“, истакна министерот Алиу.
Министерот Алиу изрази особена благодарност до раководството и медицинските тимови на болницата за нивната исклучителна посветеност во грижата и третманот на повредените лица од Кочани.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
