Балкан

Македонија: Заврши судскиот процес за навреда на претседателот на Турција

Во Скопје е завршен судскиот процес што беше подигнат од страна на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, против лице со македонско и турско државјанство, Е.А., кој упати навреди на сметка на претседателот на Турција

Dzihat Aliju   | 24.08.2017
Македонија: Заврши судскиот процес за навреда на претседателот на Турција

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје е завршен судскиот процес што беше подигнат од страна на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, против лице со македонско и турско државјанство, Е.А., кој упати навреди на сметка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Основниот суд во Скопје го прогласи за виновен Е.А., кој преку својот профил на социјална мрежа користел изјави со кои го нарушил угледот на претседателот на Турција, Ердоган.

Во одлуката се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа „објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја“.

Лицето Е.А. е осудено на парична казна од 24.600 денари, кои доколку не ги плати, ќе биде мора да одлежи затворска казна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.