Балкан

Косово од 24 март без телефонскиот код +381

Во Косово од 24 март од употреба ќе биде отстранет стариот меѓународен повикувачки број +381, кој ќе го замени новиот државен код +383, доделен врз основа на Договорот помеѓу Косово и Србија од Брисел

Zülfiya Yakup  | 21.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
Косово од 24 март без телефонскиот код +381

Pristina

ПРИШТИНА (AA) - Во Косово од 24 март од употреба ќе биде отстранет стариот меѓународен повикувачки број +381, и ќе биде заменет со нов државен код +383, доделен врз основа на Договорот помеѓу Косово и Србија од Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).

По војната за фиксната телефонија, Телеком Косово го користеше меѓународниот телефонски број на Србија, +381, во отсуство на државен код на Косово. Од февруари оваа година, паралелно се користеа двата кода. Новиот државен код +383 е доделен на Косово, врз основа на Договорот меѓу Косово и Србија, постигнат со посредство на Европската Унија (ЕУ).

Според тој Договор, како што е наведено во соопштението, беше утврдено дека Регулаторното авторитет тело за електронски и поштенски комуникации на Косово (AKREP), е единственото административно тело, кое може да комуницира и да ги координира соодветните активности со Меѓународната Унија за телекомуникации (ITU).

Постепено од употреба ќе бидат отстранети повикувачките броеви +377 и +386 на мобилните оператори од Монако и Словенија, кои досега се користеа во Косово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.