Балкан, Коронавирус

Косово: Вкупната бројка на лица со коронавирус се искачи на 88

Во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово денес биле тестирани 108 случаи, од кои 2 биле позитивни на Ковид-19

Agim Sulaj  | 27.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Косово: Вкупната бројка на лица со коронавирус се искачи на 88

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште две лица се заразени со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 88 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Според соопштението, во Лаборатотијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт за јавно здравје на Косово денес биле тестирани 108 случаи, од кои 2 биле позитивни на Ковид-19.

Во оваа лабораторија од 8 март досега тестирани се над 991 сомнителни случаи, од кои вкупно 88 резултирале позитивни, меѓу кои еден починат, и едно излекувано лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın