Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 1.000 лица

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 626 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 39.057.

Agim Sulaj  | 29.11.2020 - Обновена : 30.11.2020
Косово: Бројот на починати од Ковид-19 надмина 1.000 лица

ПРИШТИНА

Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 14 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.005, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 626 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 39.057.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.505 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 142.769 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 24.427 лица. Моментално има 13.625 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın