Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 се искачи на 140 лица

Вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 140, а на излекувани лица на 23

Agim Sulaj   | 04.04.2020
Косово: Бројот на откриени случаи со Ковид-19 се искачи на 140 лица

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени 5 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), а регистрирани се 7 нови излекувани случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 140, а на излекувани лица на 23.

Во соопштението на Националниот институт за јавно здравје на Косово се наведува дека денес во Лабораторијата за молекуларна бикробиологија биле тестирани 128 лица, од кои пет се позитивни на Ковид-19.

Регистрирани се 7 нови излекувани случаи, со што вкупната бројка на излекувани лица од Ковид-19 во Косово се искачи на 23 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın