Балкан

Камениот мост во Скопје, градба од османлиско наследство, го поврзува модерниот градски центар со Старата чаршија

- Историскиот Камен мост, едно од симболичните дела од османлискиот период во Скопје преку кој секојдневно поминуваат илјадници луѓе, беше снимен со методот „тајмлапс“.

Dzihat Aliju  | 21.11.2025 - Обновена : 21.11.2025
Камениот мост во Скопје, градба од османлиско наследство, го поврзува модерниот градски центар со Старата чаршија

СКОПЈЕ (АА) - Камениот мост, османлиско наследство што ги поврзува двата брега на реката Вардар, која тече низ средината на Скопје, поврзувајќи го модерниот градски центар со Старата чаршија, беше снимен со методот „тајмлапс“ од страна на Анадолу.

Историскиот Камен мост, едно од симболичните дела од османлискиот период во Скопје преку кој секојдневно поминуваат илјадници луѓе, беше снимен со методот „тајмлапс“.

Мостот, долг 220 метри и широк 6 метри, е изграден помеѓу 1451-1469 година за време на владеењето на Фатих Султан Мехмед. Познато е дека ова здание претрпело оштетувања во многу земјотреси и војни.

Откако е подложен на многу реставрации, за последен пат во 2002 година, Камениот мост е меѓу најпосетуваните градби од страна на локалните и странските туристи во градот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.