Балкан

Иванов го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Во соопштението објавено од кабинетот на претседателот Иванов се наведува дека тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија.

Admir Fazlagic   | 06.02.2019
Иванов го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го поздрави потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agenecy (AA).

Во соопштението објавено од кабинетот на претседателот Иванов се наведува дека тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија.

„Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси", стои во соопштението и се додава:

„Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија."

Потсетуваме, денеска е потпишан Протоколот за членство на Македонија во НАТО. На церемонијата одржана во седиштето на НАТО во Брисел, Протоколот во име на Македонија го потпиша шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На церемонијата беа присутни генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и постојаните претставници на 29 сојузници на Алијансата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın