Балкан

Граничниот премин Јажинце и патниот правец кон Р. Косово се повторно отворени за сообраќај

- Денес избувна пожар во подрачјето на Јажинце, поради што беше затворен патниот правец кон граничниот премин.

Oktaj Omeragikj  | 15.08.2025 - Обновена : 16.08.2025
Граничниот премин Јажинце и патниот правец кон Р. Косово се повторно отворени за сообраќај

СКОПЈЕ (АА) - Граничниот премин Јажинце и патниот правец кон Република Косово се повторно отворени за сообраќај, објави Центар за управување со кризи (ЦУК), известува Анадолу.

Денес избувна пожар во подрачјето на Јажинце, поради што беше затворен патниот правец кон граничниот премин.

Противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита дејствуваа на опожарениот терен, а во гаснењето на пожарот учествуваа и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Пожарот кој го зафати подрачјето предизвика затворање на патниот правец кон граничниот премин Јажинце (со Косово), но благодарение на итната интервенција на релевантните служби, пожарот е локализира и повторно се отворени за сообраќај патниот правец кон Косово и граничниот премин Јажинце.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın